Бомба на БГНЕС: Божиновска сè уште е бугарски државјанин!

Досега македонската министерка за енергетика Божиновска е бугарски државјанин, објави БГНЕС.

Според информации од извори на агенцијата БГНЕС во Министерството за правда, кои сакаа да останат анонимни, на Божиновска не и е издаден указ за ослободување од бугарско државјанство.

Самата Божиновска неколку пати изјави дека поднела барање за откажување од државјанство. Таа тврди дека до денес има само македонско и чешко државјанство и нема бугарски документи.

Експерти од Министерството за правда во Софија известија дека постапката за откажување од бугарско државјанство не завршува со поднесување барање. Оттаму потсетија дека добивањето бугарско државјанство се заснова на доставени документи од бугарско потекло и лична пријава за присуство на бугарска самосвест кај кандидатот.

БГНЕС потсетува дека денеска Сања Божиновска рече дека „ќе се консултира со своите адвокати“ дали сè уште има бугарска самосвест. Бугарските адвокати потврдија дека во отсуство на указ за откажување од државјанство, Божиновска сепак може да ги обнови личната карта и бугарскиот пасош, а една од опциите е да аплицира во бугарската амбасада во Скопје.

Во јуни годинава стана јасно дека таа води фирма во Хрватска со бугарски пасош.

На прашањето дали на јавноста ќе и покаже документ со кој се потврдува дека повеќе не е бугарска државјанка, Божиновска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го оттргна прашањето и посочи дека „ќе мора да се консултира со адвокатите“.

Повторно запрашана дали сè уште има бугарски пасош, таа изјави: „Прашањето е неважно за темата на прес-конференцијата. Имам македонско и чешко државјанство. Имам и македонски и чешки пасош. Ќе морам да се консултирам со адвокатите за оваа работа тие ја водеа оваа постапка многу одамна“.

Истиот одговор Божиновска го даде и на прашањето дали „се уште постои бугарска самосвест“:

„Тоа беа изјави на кои сега не се сеќавам. Тоа беше многу одамна“, истакна Божиновска.

Пронајдете не на следниве мрежи: