Русија не ја исклучува можноста да го покани американскиот претседател Доналд Трамп на настаните по повод 81-годишнината од победата на Русија во Втората светска војна, изјави прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Ќе го прашаме американскиот претседател дали може да присуствува или не, објави портпаролот на рускиот претседател во интервју за ТАСС.
– Ќе видиме што ќе се случи со Трамп, барем ќе откриеме дали може или не – рече Песков, одговарајќи на прашањето дали американскиот претседател ќе биде поканет на претстојната парада за Денот на победата.
Русија го слави Денот на победата на 9 мај, во спомен на капитулацијата на нацистичка Германија во 1945 година. Централниот настан е голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва .
The post Бомба од Москва! Путин го вика Трамп да дојде, ако го сторат ова, светот никогаш нема да биде ист! appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



