Неексплодирана граната од Првата светска војна е пронајдена во средата во почвата под нуклеарната електрична централа во близина на белгиската престолнина Брисел, соопшти раководството на централата.
Гранатата, според соопштението на портпаролката на компанијата којашто стопанисува со нуклеарката „Elektrabel”, Ан-Софи Луж, била пронајдена во текот на изградбата на дренажен систем пред самата управна зграда на централата, а ја отстраниле воени експерти.
Граната била вкопана во земјата надвор од безбедносниот појас кој го обиколува сануот реактор Тианж, се додава во соопштението на компаниајта.
Дваесетина службеници на централата биел евакуирани во текот на отстранувањето на гранатата. Не е соопштено колку близу безбедносниот периметар била пронајдена гранатата, ниту колкава била нејзината можност.
Портпаролката додала дека другите два реактора во рамките на истата нукеларна постројка во градот Уј во југоисточна Белгија, продолжиле со вообичаеното работење.
Макфакс
Неексплодирана граната од Првата светска војна е пронајдена во средата во почвата под нуклеарната електрична централа