Борачот Нуиши е еден од убиените во казиното во Блаце

Албанскиот медиум „Зиртаре“ објави дека младиот борач Бунјамин Нуиши, кој беше член на боречкиот клуб Тефејуз  бил убиен во нападот на казиното во Блаце. Нуиши за последен пат настапи на Светскиот куп во борење во шалвари Дунја купот во градот Кахраманмараш во Турција, каде што триумфираше во првата борба против борец од Белорусија, по што загуби од светскиот шампион од Азербејџан.

Инаку, двојното убиство се случило кога четворица маскирани мажи со автоматско оружје влетале во казиното за да го ограбат. Вооружените лица почнале да пукаат кон присутните.

Од куршум настрадал 22-годишниот В.Х. а, 20-годишниот Ниуши бил удрен со кундак во главата, по што починал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.