БОРБАТА НА СЕКА ЗА ПОТОМСТВО ТРАЕЛА 7 ГОДИНИ! Пејачката откри низ што сѐ минала на тоа патување: „Пиев масло од Свети Нектариј, се причестив и отидов на ИН ВИТРО!

Нејзиниот пат до потомството не беше воопшто лесен.
Пејачката Сека Алексиќ на својот YouTube канал го откри своето искуство со ин витро оплодувањето.
– Мојот пат до потомството не беше лесен, јас сум личност која чекаше седум години да роди дете. Со сопругот се боревме седум години да добиеме дете. Ин витро оплодувањето е само 30 проценти. Направив три ин витро оплодувања, третото успеа, првите две беа неуспешни. Кога ја решивме мојата инсулинска резистенција, беше многу полесно, земав апчиња четири години, тие помогнаа да се реши тој проблем. Кога се решивме за третото ин витро оплодување, по совет на мојот духовен отец, отец Никола, и по предлог на друг свештеник, отец Аца, неговиот колега, започнав да го пијам маслото од Свети Нектариј. Отец Аца бил на Егина и му донел масло на Свети Нектариј и му рекол на мојот духовен отец отец Никола да ми го даде мене и на мојот сопруг Веjко – започна Сека, а потоа продолжи:


– Што се однесува до маслото од Свети Нектариј, постои правилник, не можете да го користите без благослов и постојат правила како да се користи, колку капки се земаат. Жената го пие, се причестува и потоа оди во процес на ин витро оплодување. Ние го почитувавме сето тоа, јас и Вељко. Се причестив и отидов на инвитро и му благодарам на Бога, мојот Јаков се роди.
Сека потоа зборуваше за следниот процес, кога беше зачнат нејзиниот помлад син Јован.
– Две и пол години подоцна повторно отидов на ин витро оплодување, само ќе ви кажам дека молитвите на Свети Нектариј беа услитени од Господ и дека јас и Вељко станавме родители. И Бог ќе дозволи да станеме повторно. Верниците кои веруваат, тие знаат, тие знаат кој е Свети Нектариј, тој е голем чудотворец. Бев и на Егина, каде што живееше и каде беше погребан. Неговите масла се навистина чудесни, го лечи секој што има проблем. Неопходно е човекот да има верба, тогаш половина од проблемот е решен – рече пејачката.
– Само храбро и имајте верба – Сека конечно им даде поддршка на сите жени и парови кои се борат за потомство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.