Боро Стојчев да се исклучи од СДСМ

За градоначалникот на Ново Село, кој веќе е вратен на функцијата, денес од СДСМ изјавија дека е започната постапка за негово исклучување од партијата.
-Уште кога се случи тоа, партијата го разреши Боро Стојчев од претседател на општинската организација на СДСМ во Ново Село. Започната е постапка за негово исклучување од партијата, бришење од евиденција, односно отчленување од СДСМ- на новинарско прашање одговори Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.
-Оттука го повикуваме Боро Стојчев да си даде неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село. За нас, законите се закони и треба да бидат почитувани и од членството и од функционерите од било која политичка партија – рече Костадинов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.