Денес на прес-конференција во Владата Миле Бошњаковски соопшти дека ова е негов последeн прес во својство на владин портпарол и дека заминува да ја извршува функцијата генерален секретар во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски.
-Ми беше чест две години да соработувам со сите вас новинари, сниматели и фоторепортери. Се надевам дека соработката ќе продолжи во наредниот период во една друга форма. Простете доколку имало некоја грешка оти таа грешка доколку постоела немало никакви интенции за тоа односно пристапот беше кон сите ист, рече Бошњаковски заблагодарувајќи се на довербата на премиерот и на колегите од тимот со кој, како што рече, досега направиле над 100 прес-конференции.