Бојана Скендеровски: ,,Луѓето ми велат, добро е што се врати, ни требаше твојата музика”

Бојана Скендеровски својата музичка кариера ја започна во 2002 година на изборот ,,М2 потрага по ѕвезда’’.

Неодамна пејачката одбележа 20 години јубилејна кариера, а наскоро најави и солистички концерт.
Минатата година ја промовираше нејзината најнова песна и покажа зошто треба да се цени и слуша македонска музика.
За враќањето на музичката сцена, одбележувањето на 20 години од нејзината кариера, музиката, проектите, семејството, мајчинството и сите новости разговараме во најновото интервју за Гламур Магазин.

Ни најавувуваш многу нови проекти, а успешни беа и низа настани со кои одбележа 20 години кариера. Еден таков настан се случи во декември. Промоцијата на твојата најнова песна ,,Ми треба’’…
Како помина сето тоа?
Навистина ми е многу драго што минатата година беше во знакот на неколку мои промоции на песни. Драго ми беше што можев да соберам толку многу драги луѓе на едно место. Задоволна сум од тоа како беше пречекана и прифатена од публиката мојата најнова песна. Луѓето ми велат, добро е што се врати, ни требаше твојата музика.

,,Ми треба’’ ја посветуваш на сите жени. Која е пораката која ја носи оваа песна?
Јас особено сакам да ги поддржувам жените. Жена сум и знам што тоа значи во едно балканско општество. Ги охрабрувам жените да бидат свои, самостојни, да работат на себе и верувам во нивната енергија. Оваа песна можеби има малку така пофеминистички текст, во смисла мажот е тој кој треба да се труди околу жената. Јас имам ќерка, јас сум нечија ќерка, имам сестра, ние сме една женска фамилија, па отсекогаш сметам дека жените се секогаш поорганизирани и помултитастинг од мажите. Нека ми простат ( се смее). Апелирам да бидеме посвесни за денешната улога на жената. Денес, жените треба да бидат и домаќинки и мајки, и обрзовани и со кариера. Потребно е ние жените да се поддржуваме.

Еве како мајка, сопруга и жена на естрадата и во бизнисот, колку е предизвик да се избалансираат сите обрски кои ги носи приватниот наспроти професионалниот живот?
Па не е едноставно. Затоа што треба да бидеш успешна на повеќе полиња. Сакам да бидам успешна на сите полиња и се трудам тоа да биде така. Не можам да кажам дека ми е се’ подредено или дека е шема која е зацртана и тече. Животот едноставно се случува. Се’ се може. Многу е важно каков партнер ќе одберете. Да знаете колку човекот покрај Вас Ве сака таква каква што сте. И да се опкружувате со позитивни луѓе наспроти токсичните.

Бојана Скендеровски: ,,Луѓето ми велат, добро е што се врати, ни требаше твојата музика”

Многу убави жени се појавија во спотот на песната ,,Ми треба’’. Како се одвиваа работите при снимањето на песната?
Беше едноставна приказна која ние ја осмисливме. Секој сака да гледа убави жени а покрај тоа потребно е жената да има и свој карактер и појава. Маријана и Ведрана ми се добри другарки, па затоа ги поканив во спотот. Тие имаат различни но убави приказни. Решивме да биде приказна за тој некојси ( Зоки Љутков) кој ќе се труди околу девојка која се забавува со свои драги луѓе. Поенатата на крајот на песната е дека без музика и без трубачи не е можно ништо.

Соработуваш со Саша Милишевиќ Маре – композиторот на евровизиската победничка песна ,,Молитва’’ на Марија Шерифовиќ. Зошто токму со Маре?
Маре е еден вистински господин кој музиката ја перцепира на еден поинаков начин. Не ги следи слепо трендовите на музиката, тој има свој тип на кој си е верен. Одамна го следам тоа што го работи.
Се запознавме минатата година, и се склопија нашите енергии. Една убава соработка. Не можете да правите уметност и музика со било кого.

Песната има и српска верзија ,,Докажи’’. Тоа значи дека Бојана ќе се проширува и надвор?
Со оглед дека имам две мали деца, сега ќе се посветам на ова публика тука, а параелно ќе работам и на промовирање на песните надвор од Македонија.

20 години музичка кариера – Дали и кога да очекуваме концерт?
Во моментов работам на едден многу драг проект, којшто е поразличен од мојата музика. И можеби малку сум зафатена во тој дел, но во јуни и септември ќе бидат и моите нови песни. А декемри се надевам и на мојот солистички концерт кој и’ го ветив на мојата публика.

Колку Бојана се промени во овие 20 години на сцена? Се чувствуваш ли задоволно и реализирано?
Не се промени желбата и амбицијата да го правам ова. Но се променив физички и ментално. Созреав. Имав само 18 години кога почнав со музика, но горда сум на се’ што постигнав досега , навистина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.