Бојана Скендеровски по вторпат стана мајка

Познатата македонска пејачка и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски, по вторпат стана мајка. Радосната вест ја сподели со фановите на социјалните мрежи.
– Добредојде Ѓорѓи! Те сакам! – објави Бојана на Фејсбук.
Авторката и водителка на емисијата “Улица Македонија“ со својот сопруг Васко веќе ја имаат ќерката Искра. Претходно во интервју за “Женски магазин“ Бојана изјави дека мајчинството многу ја променило на подобро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.