Бојата на очите го открива карактерот

Со оваа студија биле опфатени околу 428 луѓе, научниците заклучиле дека луѓето кои имаат кафеави очи имаат силен карактер и потенцијал да бидат лидери.
За очите велат дека се огледало на душата, а научниците од еден универзитет во Шведска отидоа еден чекор подалеку и пред некое време открија дека бојата на очите е индикатор на некои од нашите карактеристики. Со оваа студија опфатени се 428 луѓе, а научниците заклучиле дека луѓето кои имаат кафеави очи имаат силен карактер и потенцијал да бидат лидери. Верни се и нежни, но тоа никако не значи дека се понижуваат. Напротив, луѓето со темно кафеави или пак црни очи се многу пријатни.


Пред убавината на сините очи на многумина им застанува здивот, а истражувањето покажува дека тие се показател на духовна и психичка сила. Луѓето со сини очи често оставаат впечаток дека се ранливи и егоистични. Верувале или не, со оваа студија се докажува дека жените кои имаат сини очи, полесно можат да го издржат породувањето од оние жени кои имаат друга боја на очите.
Дамите со зелени очи имаат силен сексапил, а мажите ги сметаат за многу атрактивни. Во нивните очи се гледа мистериозноста и заводливоста што ги прави неодоливи и поразлични. Овие луѓе се многу креативни и тешко е да ги извадите од такт, затоа што обично знаат да функционираат под притисок.


Сивата боја на очи (понежна нијанса на сината) е вистинска реткост, но таквите луѓе многу лесно се прилагодуваат со луѓето и ситуациите и многу се страствени.
Оние, со очи во боја на лешник, најмногу сакаат независност, спонтани се и самоуверени. Но резултатите од истражувањето велат дека нивното однесување е многу непредвидливо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.