сабота, 28 ноември 2026
Најново

БП соопшти дека го открила најголемото откритие на нафта и гас во последните 25 години

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Енергетскиот гигант БП вели дека го направил своето најголемо откритие за нафта и гас овој век, префрлајќи го фокусот од обновливата енергија назад кон фосилните горива.Британската фирма во понеделник соопшти дека спроведува тестови на лице место во длабоките води покрај источниот брег на Бразил.И како што пишуваат странските медиуми, откритието би можело да игра голема улога во плановите на БП за зголемување на производството на сурова нафта.Извршниот директор на компанијата, Гордон Бирел, вели дека откритието е „најголемото на БП во последните 25 години“ и дека фирмата ќе истражи изградба на производствен центар таму.Во февруари, БП ги намали планираните инвестиции во обновлива енергија и изјави дека ќе троши милијарди долари повеќе годишно за своите операции за нафта и гас, бидејќи има за цел да ја зголеми довербата на инвеститорите.БП соопшти дека пронашла зона од околу 500 метри нафта и гас во блокот Бумеранге во сливот Сантос, на 400 км од источниот брег на Бразил.Како што е наведено понатаму, откритието е најголемото на компанијата од гасното поле Шах Дениз во Каспиското Море во 1999 година.

Поврзани вести