Мисајловски потпиша Писмо за намера за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност

Заедно со колегите Пелеши, Запријанов и Кросето го потпишавме Писмото за намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Иницијативата на Италија, Македонија, Албанија и Бугарија ќе овозможи побрз проток на воени сили и опрема со што значително ќе се зголеми ефикасноста на воената логистика и операциите во случај на потреба. Писмото за намери е практичен придонес кон напорите на Алијансата за зајакнување на одвраќањето и одбраната на целата територија, зајакнување на воената мобилност и зајакнување на соработката меѓу НАТО и ЕУ, истакна Мисајловски.

Ова е прв меѓународен документ потпишан од новата Влада, додаде Мисајловски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.