БРАЗИЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЛУЛА: Во одлична форма сум, изјави тој по операцијата, во видеото од болница, на кое се гледа како оди и се смее

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска изјави дека е во одлична форма во видео на кое се гледа како оди и се смее во болница по операцијата поради крварење во близина на мозокот.

Лула (79) беше подложен на итна операција во неделата, предизвикувајќи големо изненадување во Бразил каде претседателот е до средината на својот мандат, кој истекува во 2026 година.

Бразилскиот претседател денеска беше пуштен од одделението за интензивна нега, но се уште е во болница во Сао Паоло под надзор на лекари.

Според болнички извори, Лула би требало да може да ја напушти болницата в понеделник или вторник.

Пронајдете не на следниве мрежи: