Бразилско расипано месо се продава во Србија

Заради сомневање за препродажба на 31 тон расипано месо и месни преработки од Бразил српската полиција уапси седум луѓе, јави Танјуг. Лицата се осомничени за кривични дела здружување заради вршење кривично дело како и злоупотреба на службена должност.
Во периодот од јуни до август годинава осомничените набавиле околу 31 тон месо и месни преработки од Бразил на кои им бил поминат рокот за употреба. Полицијата се сомнева дека расипаното месо го препродале на разни фирми кои се занимаваат со преработка на месо.

Пронајдете не на следниве мрежи: