Бразил победи на „Вембли“, Германија во Лион


Фудбалската репрезентација на Бразил ја совлада Англија со минимални 1:0 на гостувањето на лондонски „Вембли“ во пријателски натпревар.

Во содржински богатиот натпревар, единствениот гол падна во 80. минута, а го постигна 17-годишниот напаѓач Ендрик откако домашниот голман го одбрани ударот на осамиениот пред него Винисиус Жуниор. Ендрик, кого во својот ростер наскоро ќе го вброи мадридски Реал, влезе во игра во 71. минута на местото на Родриго.

Победа на гости оствари и Австрија која во Братислава славеше со 2:0 против Словачка. Криштоф Баумгартнер во првата минута го совлада Мартин Дубравка, а конечните 2:0 ги постави Андреас Вајман во 82. минута.

Дуелот меѓу Ирска и Белгија во Даблин заврши без постигнат гол, а најблиску до погодок беше домашната селекција која имаше удар од белата точка во 28. минута поради играње со рака на гостинскиот играч. Еван Фергусон беше изведувач, но неговиот удар го одбрани белгискиот голман Матц Селс.

Голови немаше ниту во Копенхаген, каде Данска на „Паркен“ беше домаќин на Швајцарија.

Во последниот натпревар во саботата вечерта германската репрезентација, домаќинот на годинешното Европско фудбалско првенство, доби важна инјекција на самодоверба, откако во Лион ја совлада Франција со 2:0.

Играта штотуку започна, а Германија го презеде водството. Флоријан Вирц стана нов германски рекордер бидејќи успеа да постигне гол за само седум секунди. Враќајќи се во селекцијата по тригодишно отсуство, додавач беше Тони Крос, а Вирц со проектил од далечина го совлада Брис Самба.

Подобрата и поконкретна игра Германците ја крунисаа во 49. минута, кога најголем дел од работата заврши Џамал ​​Мусиала, а Каи Хаверц само ја спровед топката во мрежата за конечните 2:0.

Избраниците на Јулијан Нагелсман за три дена ќе ја пречекаат Холандија во Франкфурт, додека Франција истиот ден на „Велодром“ во Марсеј ќе ја пречека репрезентацијата на Чиле.

Пронајдете не на следниве мрежи: