Јунакот на Аргентина вечерва е Емилијано Мартинез, голманот на Астон Вила кој со два одбранети пенали во првите две серии од рулетот против Холандија (4-3), ги однесе „гаучосите“ во полуфинале и пресметка со Хрватска во вторник навечер од 20 часот.
Мартинез немаше интервенција до 83-та минута кога Аргентина имаше сигурни 2-0, а потоа Холандија чудесно се врати со два гола на Веиг Вегхорст за продолженија, па во пенал-рулетот, „единицата“ на двојниот светски првак блесна и после големата победа посочи дека тоа е за – 45-те милиони Аргентинци.