Бранимир Јовановиќ си заминува од Министерство за финансии

Бранимир Јовановиќ, советник во Министерството за финансии преку својот Фејсбук профил објави дека се повлекува од функцијата.
-По скоро две години, се повлекувам од Министерството за финансии.
Одлукава ја донесов уште пред некое време, но не сакав да ја објавам додека не поминат изборите.
Имаше сѐ во овие две години, но сепак си заминувам со позитивни впечатоци. Бевме одличен тим и функциониравме навистина добро. Направивме доста работи, од кои најважна за мене е даночната реформа. Ги подобривме буџетските приходи, го намаливме дефицитот, го стабилизиравме јавниот долг. Кратко кажано – ги средивме државните финансии.
Сега е време да им се посветам на нештата кои ги запоставив овој период – семејството, блиските, нештата кои ги сакам, стои во неговиот Фејсбук статус.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.