Бранителот на Палевски го праша началникот Димовски: Дали Палевски е виден заедно со осомничените?

Јовица Страшевски, бранител на Љупчо Палевски, еден од првоосомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска му постави прашања на сведокот Дејан Димовски, началник  на единица за насилен криминал во СВР Скопје кој бил дел од истрагата за случајот.

Бранителот го праша началникот дали некаде се заведени податоците кои таткото на Вања и неговиот пријател Гоце му ги доставиле на началникот, дали постои службена белешка, по што Димовски одговори дека не се заведени туку се фотодокументирани и доставени до Обвинителство.

Страшевски: Дали од страна на Александар и Гоце ви се доставувани материјали?

Судија: Одговорено е прашањето, колегата не беше присутен до сега.

Страшевски: Дали материјалите од Александар и Гоце ги зведовте некаде?

Дејан Димовски: Јас не сум добил такви материјали од Гоце.

Страшевски: Дали материјалите од Александар се некаде заведени?

Судија: Не се дозволува прашањето, се опоменува бранителот да го почитува редот во судницата, ќе добие парична казна.

Обвинител: Приговарам, комуникацијата е фотодокументирана и приложена во листата на докази.

Страшевски: Прашав дали службено ги завеле.

Дејан Димовски: Што да заведам, тоа се неформални пораки.

Страшевски: Дали имате составено барем службена белешка?

Судија: Одговорено е прашањето

Дејан Димовски: Тие битни комуникации што сметало ОЈО дека се битни и било известено се фотодокументирани, што повеќе евидентирање од документирње на тие комуникации?

Бранителот го праша началникот и дали Палевски на снимките од безбедносните камери е забележан заедно со осомничените, или одвоено во некои одделни снимки.

Страшевски: Дали на камерите кадешто го утврдивте Палевски е некаде виден заедно со осомничените?

Дејан Димовски: Видете, тие фотографии им ги покажавме на нив, да, по кажување дека се они.

Страшевски: По кажување, или вие го видовте дека е заедно со осомничените?

Дејан Димовски: Во возилто се гледаат две лица, не можат да се видат сите, не се гледа дали има лице позади.

Страшевски: Палевски беше меѓу тие две лица?

Дејан Димовски: Од кај да знам, не се сеќавам.

Бранителот на Палевски праша и дали е направена парафинска ракавица, по што судијата не го дозволи прашањето бидејќи истото беше поставено претходно во периодот кога Страшевски се уште не беше пристигнат во судницата.

Страшевски: Дали, на осомничените им имате направено парафинска ракавица?

Судија: Одговорено е прашањето

Детали за денешниот тек на главната расправа и исказите на сведоците можете да прочитате на Инфомакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: