Бранка Костиќ објави дека е позитивна на КОРОНА ВИРУСОТ, најави донирање на крвна плазма

Бранка Костиќ објави дека е позитивна на КОРОНА ВИРУСОТ, најави донирање на крвна плазма

Еве го интегралниот текст кој таа го напиша на Фејбук предмалку: Драги пријатели, сакам да ви соопштам дека утрово стигнаа резултатите од тестовите на КОВИД-19, мојот и на мојот сопруг. Јас сум позитивна, а тој е негативен. Никој дома, ниту нашите блиски немаат симптоми. Се тестиравме зашто мојот сопруг е универзитетски професор во Белград и требаше да планира во следниот период да замине во Србија за да ги одржи испитите со студентите со кои целиов овој пандемиски период држеше предавања онлајн. Заради превентива (да не’ остави дома со „раат“ дека сме добри, а и дека тој ќе оди здрав преку граница, иако без никакви симптоми, но и заради заштита на колегите во Србија), решивме да се тестираме. Но, еве, бевме изненадени од резултатот.
Утрово сами направивме реконструкција на сите контакти и движења (кои беа минимални и со заштита), ги известивме сите во потесното и поширокото семејство, пријателите и соработниците, а утре го очекуваме и брисот на нашиот син (земен денес). Се разбира, следните две седмици ќе бидеме во изолација и матичните доктори ќе ја следат нашата состојба.
Во анкетата што денес ми ја направи мојата матична докторка кажав дека немам ниту еден од вообичаените симптоми за коронавирусот, па искрено се надевам и посакувам дека такви ќе бидат извештаите и за следните 14 денови. Вам, како и досега, повторно ќе ви посакам добро здравје и почитување на мерките. Чувајте се, зашто и при голема претпазливост не знаете од каде може да се протне вирусот. Исто така, бидете совесни и подобро е сите да знаат, како што јас веднаш ви кажувам, отколку да молчат и да направат голема штета.
П.С. Простете доколку не стигнам да ви одговорам на вашите пораки и на телефонските повици. Сега ми претстои голема организација и на животот во карантин и на мислите. Вие навивајте за нашето здравје и за здравјето на сите вас. Јас, ако сум навистина позитивна и поминам асимптоматски или со лесни симптоми, со задоволство ќе дадам плазма за лекување
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.