Братот и сестрата – најсилна поддршка во животот

Нивниот однос поминува низ разни фази – од игнорирање и ривалство во детството до најсилна поддршка во зрелите години
Во детството најчесто се како „куче и маче“, но нивната љубов и тогаш е силна и нежна. Различна од сите други. Братот и сестрата се сакаат на посебен начин, дури и кога гласно се караат и истапуваат еден пред друг како лути ривали.

Серија на најчитани текстови на ПУЛС24 низ годините

Овој текст е еден од најсподелуваните по социјалните мрежи во последните години на ПУЛС24.МК

ПУПсихологот Драгана Медиќ вели дека овој однос често е од пресудно значење за сите други релации и улоги што девојчињата и момчињата ќе ги имаат во текот на нивните животи.
Љубовта помеѓу братот и сестрата е специфична и поминува низ неколку фази – вели психологот. Во раното детство доминира нетрпеливоста проследена со недоразбирање и љубомора, бидејќи децата се борат за вниманието на родителите. Девојчињата често се понежни, па и возрасните се поблаги кон нив, ги фаворизираат затоа што се послаби, а ова ги нервира момчињата и затоа се обидуваат да докажат дека нивните сестри се негативци.

Братот и сестрата – најсилна поддршка во животот


На таа возраст тие се генерално груби, не се двоумат да ги бутнат своите сестри, да им ја искубат косата, да им ги уништат куклите, да им кажат дека се досадни и глупави. Девојчињата тоа стресно го доживуваат. Ги боли што нивните браќа не сакаат да си играат со нив. Но и девојчињата не се баш невини. Понекогаш уживаат додека ги поткажуваат на своите родители или ги шпионираат за подоцна да им кажат сè на родителите, со што ја купуваат нивната наклонетост.
Слично се случува и во пубертетот, браќата и понатаму се незаинтересирани да се дружат со своите сестри. Дистанцата меѓу нив е поголема отколку порано. Сега и девојчињата се посилни. И тие ги игнорираат, не се трудат да им се приближат и да се изборат за нивното внимание или, пак, се обидуваат да прават работи и да се однесуваат спротивно од нив. Тој процес се вика „деидентификација на браќата и сестрите“ и настанува како последица на тенденцијата да се биде поинаков.

Од серијата најчитани текстови на ПУЛС24 линкот погоре ⬆⬆⬆

На тој начин, всушност, тие се занимаваат со меѓусебното ривалство. Ова објаснува зошто во семејството едното дете е мирно, а другото е бунтовно – вели Медиќ.
Со текот на времето ова ќе се промени бидејќи како што растат, браќата и сестрите ќе сфатат дека нема поголем пријател од братот/сестрата. Ќе почнат заедно да излегуваат, да слушаат иста музика, да создаваат заеднички пријателства. Браќата секогаш се заштитнички настроени кон своите сестри, а како што растат уште повеќе ќе го изразуваат тоа и ќе бидат спремни сè да направат за нив. Сестрите знаат дека имаат свој штитеник, па тоа им дава чувство на сигурност – вели психологот.
Затоа понекогаш се кажува дека да се биде брат е подобро отколку да се биде суперхерој. Сестрите, од друга страна, им се најголемата поддршка на браќата и нивната љубов е многу голема.
Блискоста помеѓу нив достигнува посебно ниво на подоцнежна возраст, кога родителите повеќе ги нема, па тие уште повеќе се свртуваат едни кон други.
Не заземајте страна

Психологот ги советува родителите да не се обидуваат по секоја цена да ги зближат својот син и ќерка додека се мали бидејќи тоа може да предизвика контаефект.
Не би требало да инсистирате да се согласуваат во секој момент и за сè, да ги казнувате ако се игнорираат меѓусебно. Оставете ги да се сакаат и да се караат, но секако реагирајте ако се тепаат и повредуваат. Немојте да заземате страна, туку поттикнувајте еднаквост, бидејќи тоа е единствениот начин за да се зближат – советува Драгана Медиќ.

Од нашите партнерски сајтови ⬆⬆⬆
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.