Дали децениска поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со сопственикот на дискотеката „ПУЛС“ во Кочани е причината поради којашто биле толерирани и сопственикот и дискотеката?
Објектот во кој работела дискотеката „Пулс“ бил стара градба, сосема несоодветна за таква намена. Порано овој објект кој се наоѓа во близина на станбена зграда во Кочани бил магацин за теписони. И покрај тоа објектот од општината добил дозвола да биде дискотека.
Приватната дискотека работела во овој објект повеќе години и досега се смениле неколку сопственици. Сегашниот сопственик, кој е веќе приведен, секогаш бил дел од сопственичката структура на дискотеката.
Според неофицијални податоци, објектот добил лиценца за работа во 2012 година. Тогаш, за првпат му било одобрено да работи како угостителски објект, иако според првичните информации, претходно бил користен како магацин и прашање е колку овој објект воопшто ги исполнувал техничките и безбедносните услови за да добие лиценца или таканаречените „минимум технички услови“ за работа. Прашањата кои треба да се одговорат се: Дали во 2012 година биле направени сите потребни проверки? Дали било утврдено дека просторот ги исполнува стандардите за противпожарна заштита, безбедносни излези и капацитет за евакуација? Ако основниот проблем потекнува од 2012 година (времето на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ), тогаш јавноста треба да знае кои институции, кои функционери и под чија одлука му дозволиле на поранешен магацин да стане ноќен клуб?
Дискотеката почнува да работи во 2012 година, а во 2013 година граѓанин на Кочани го тужи сопственикот на дискотеката, Дејан Јованов, за нанесување на телесна повреда и загрозување на сигурноста.
Бранител на Јованов тогаш му е Иван Лефков, брат на актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани, Миле Лефков.




Во записникот стои дека судот им предложил на странките да се помират. Во продолжение записникот:
Судот во 15 часот го отвори претресот и го објави предметот на судењето, на кој пристапија: приватниот тужител М. А. од Кочани, неговиот полномошник адв. Миле Медарски од Кочани вработен при адвокатска канцеларија адвокат П.Е. од Кочани, обвинетиот Гордан Богданов од Кочани и обвинетиот Дејан Јованов од Кочани, бранителот на првообвинетиот адв. Иван Лефков од Кочани кој на судот предава уредно полномошно, сведокот Валерија Иванова од Кочани, отсутен е сведокот Ивица Богданов од Кочани за кого во предметот има доказ дека е уредно
поканет .
Пред да започне главниот претрес судот им предложи на странките да се помират: при што странките се помирија така што приватниот тужител изјави дека се откажува од приватната тужба , истата ја ПОВЛЕКУВА , а се договорија првообвинетиот Горан Богданов од Кочани да му исплати на приватниот тужител Михаил Андоновски од Кочани вкупен износ од 50.000,оо ден. ( педесет илјади денари) и тоа на осум (8) еднакви месечни рати почнувајки од 01.10.2013 год. односно месечните рати да ги исплака на секој први во месецот , а второобвинетиот Дејан Јованов од Кочани да му исплати на приватниот тужител Михаил Андоновски паричен износ од 8.000,оо ден. ( осум илјади денари) и тоа на две (2) еднакви месечни рати почнувајки од 01.10.2013 год. односно месечните рати да ги исплака на секој први во месецот .
Приватнитот тужител Михаил Андоновски од Кочани изјави дека се откажува од било каков друг надомест на материјална и нематеријална штета произлезена од овој кривичен правен настан и помегу себе немаат никакви дополнителни мегусебни побарувања во врска со овој кривичен
правен настан.
Како што можевте да прочитате, за дела за кои е предвидена затворска казна, сопственикот на дискотеката ПУЛС исплатил само ОСУМ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ на тужителот и процесот завршил.
Во трагедијата која се случи на 16 март годинава во дискотеката ПУЛС загинаа 59 лица. Над 200 се повредени. Во притвор се 24 лица, а истрагата е во тек.
Иако министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски претходно во неколку наврати истакнуваа дека локалната самоуправа нема никаква вина, ОЈО побара, а судот определи и мерка 30-дневен притвор за поранешните градоначалници Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ и Николчо Илијев од СДСМ, како и за градоначалникот кој си поднесе оставка, Љупчо Папазов.