Братот на Ѓукановиќ ќе добие 12 милиони евра отштета од државата

Црногорскиот бизнисмен Ацо Ѓукановиќ, брат на премиерот Мило Ѓукановиќ, треба да добие над 12 милиони евра отштета од државата, бидејќи не го испочитувала договорот за купување земјиште во една населба во Подгорица, каде и денес се наоѓаат шалтери и канцеларии на МВР.

Ова се предвидува со првостепената пресуда на подгоричкиот Основен суд, пренесува црногорскиот весник „Вијести“.Со пресудата се обврзува државата Црна Гора на братот на премиерот да му исплати нешто над девет милиони евра со камати за загубената добивка, но и разлика во цената за спорното земјиште од денот на склучувањето до денот на раскинувањето на договорот.Судот претходно го усвои и делот од тужбеното барање на Ѓукановиќ, според кое државата треба да му врати над 3,5 милиони евра, со што со камата ќе му се вратат парите кои ги дал за купување на наведеното земјиште.Ацо Ѓукановиќ во јули минатата година ја тужел државата откако владата одбила да му исплати обештетување поради неисполнување на обврските од договорот за купопродажба на земјиштето во населбата Момишиќи.Тој во 2008 година за над три милиони евра го купил земјиштето од над 7.000 квадратни метри на кое се наоѓа полициската зграда „Лименка“. Со договорот кој е потпишан со Управата на полицијата, службениците на таа институција се обврзале да се излезат од наведениот објект до 2010 година. Договорот единствено го испочитувала полицијата, која се иселила, додека во зградата и натаму останале шалтерите и канцелариите на  МВР.Весникот „Вијести“ пишува дека не успеала да добие информации дали застапникот на интересите на државата ќе се жали на одлуката на Основниот суд.
Makфакс
Црногорскиот бизнисмен Ацо Ѓукановиќ, брат на премиерот Мило Ѓукановиќ, треба да добие над 12

Пронајдете не на следниве мрежи: