БРАУНИ СО ЈАГОДИ: Класичен десерт на пролетен начин, готов е за час

Ви треба:

168 г путер, исечен на коцки226 гр бело чоколадо, исечкано2 јајца2 жолчки250 гр шеќер1 лажица екстракт од ванила219 гр брашно3/4 лажичка сол50 гр замрзнати јагоди

За глазурата:

270 гр шеќер во прав45 ml полномасно млеко60 гр замрзнати јагоди

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. На тивок оган растопете го путерот со белото чоколадо со постојано мешање. Потоа тргнете го од оган. Во поголем сад ставете ги јајцата, жолчките, шеќерот и екстрактот од ванила. Матете со миксер додека не побледи и изедначи. Додадете во смесата со растопениот путер и белото чоколадо, па матете додека не се соединат. Соединете ги брашното и солта со влажните состојки, па измешајте со шпатула додека не се соединат. Изблендирајте ги замрзнатите јагоди. Потоа, додадете ги јагодите во тестото, па истурете сè во плех обложен со хартија за печење. Печете 28-31 минута, па оставете ги да се изладат во тавче на решетка. Соединете го шеќерот со млекото. Изблендирајте ги јагодите, па измешајте со глазурата. Покријте ги брауни колачите со глазура. Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи: