Брачна двојка пензионери со крузер крстареле и шверцувале кокаин

Повозрасна брачна двојка е уапсена откако големо количество кокаин било запленето во нивниот багаж по крстарење од Карибите до Европа.
Седумдесет годишна жена и нејзиниот две години постар сопруг се уапсени откако во нивната кабина е пронајдено големо количество кокаин. Апсењето е извршено по дојава откако бродот на компанијата Marco Polo of Cruise & Maritime Voyages пристигнал во лисабонското пристаниште.


– Уапсена е повозрасна брачна двојка која пренесувала дрога за време на туристичкото патување од Карибите до Европа. Тие се обвинети за меѓународна трговија со дрога, соопшти португалската полиција.
По дојавата која ја добила полицијата, неколку полицајци преправени во патници успеале да ја уапсат средовечната брачна двојка во Лисабон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.