БРВЕНИЦА – ПОЛИТИЧКИОТ ПОРАЗ НА МИЦКОСКИ ИЛИ ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА КОАЛИЦИЈАТА ВМРО-ДПМНЕ – ВЛЕН?!

Изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница отвора сериозни прашања за политичката стабилност на владејачката коалиција и за одговорноста на премиерот Христијан Мицкоски.

Особено загрижува фактот што коалицискиот партнер ВЛЕН јавно даде поддршка на ДУИ, наместо на својот коалициски партнер ВМРО ДПМНЕ, како што ВМРО ДПМНЕ даде јасна јавна подршка на ВЛЕН во Тетово без да истакне свој кандидат за градоначалник и јавно да повика да се гласа и подржи ВЛЕН. Ова не е само локална политичка епизода, туку сигнал за сериозно нарушени коалициски односи.

Дали станува збор за самостојна политичка калкулација на ВЛЕН или зад ова се крие поширока политичка комбинација ќе видиме наскоро? Дали Брвеница е најава за распад на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ВЛЕН и отворање на патот кон предвремени парламентарни избори?!

Мицкоски не може да ја избегне политичката одговорност. Кога коалицијата губи доверба, а партнерите играат на спротивни страни, прашањето веќе не е кој изгубил во Брвеница, туку колку долго може да опстане оваа владина коалиција.

Обраќање до јавноста на Адвокатот Страшевски по изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Пронајдете не на следниве мрежи: