Брегалница обоена во бело, се шири мирис на лак

Од населбата „Македонка“ па се до штипско Ново Село реката Брегалница е обоена во бело, а покрај неа се чувствува мирис на лак.


Во моментов екипа на крим-техника од Полициска станица – Штип прават увид по течението на река Брегалница, додека пак членовите на спортското здружение „Брегалница“ веќе два часа се на терен и бараат од каде се испуштаат хемикалиите во реката Брегалница. Бараат веднаш инспекторите за животна средина да излезат на терен, да земат мостри од реката и да се пронајде виновникот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.