Бред Пит за бившите жени: Анџелина е добра мајка, бракот со Џенифер беше досаден

Приватниот живот на славните личности отсекогаш ја фасцинирал јавноста, особено кога станува збор за прекрасните холивудски актери.
Особено внимание привлекуваат љубовните врски на шармантниот Бред Пит, поточно бракот со актерката Џенифер Анистон, иако поминаа 14 години од нивниот развод.
Приказната за нивниот брак повторно ја актуелизираше британски Mirror кој „ископа“ интервју со Бред Пит од 2011 година во кое холивудскиот актер зборува за бракот со Анистон.
„Ми стана јасно дека се обидувам да најдам филм за некој поинтересен живот, а јас самиот не водев интересен живот“, вели Пит во интервјуто и додава дека бракот со Анистон станал лажен и тој сакал повеќе од она што таа имала да му понуди.


„Сегашниот брак има врска со тој. Тоа беше обид за преправање дека бракот е нешто што не беше“, вели Пит во интервјуто што го дал кога беше во брак со Анџелина Џоли и тогаш имаше три деца со неа.
На прашањето зошто немал деца со Џенифер Анистон, тој одговара:
„Најпаметното нешто што можев да го направам во животот е што за мајка на моите деца ја избрав Анџелина. Таа е прекрасна мајка“, изјавил Пит во 2011 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.