Бред Пит и Анџелина Џоли конечно постигнаа договор за нивниот развод, со што по осум години ставија крај на нивната осумгодишна сага за развод. Познатиот холивудски пар официјално ги потпиша документите во понеделник, 30 декември, но битката сè уште трае за францускиот замок што го купија заедно.Адвокатот Џејмс Сајмон рече дека на Анџелина Џоли е „ослободено“ што дел од сагата за Бред Пит е завршен.„Искрено, Анџелина е исцрпена“, рече Сајмон.„Пред повеќе од осум години, Анџелина поднела барање за развод од г-дин Пит. Таа и децата го напуштиле целиот имот што го делеле со г-дин Пит, и оттогаш таа се фокусирала да најде мир за своето семејство“, изјави тој.Иако поранешната холивудска двојка конечно го реши разводот, тие сè уште се караат околу лозјето Шато Миравал во Франција. Двајцата се заклучени во жестока правна битка за Миравал, откако Пит тврдеше дека Џоли го продала својот дел од винаријата на Групацијата Столи без негово одобрение.Двете страни рекоа дека ќе бидат подготвени да го однесат случајот Миравал на судење или да одат на посредување, изјави извор за DailyMail.Можеше да го тужи за насилство, но не го стори тоа.Извор запознаен со ситуацијата додаде дека Анџелина Џоли „напорно се труди да биде оптимист после мрачно време“.„Таа не зборува лошо за него јавно или приватно”, рече изворот.Џоли поднесе барање за развод во септември 2016 година, само две години откако се омажи. Тие се забавуваа 10 години пред да одлучат да се венчаат. Оттогаш беше објавено дека парот и нивните шест деца, Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Вивиен и Нокс, земале приватен авион неколку дена пред нејзиното поднесување, во кој Пит физички ги напафнал. Тој никогаш не беше обвинет.Инсајдер изјави за DailyMail дека „можела да поднесе тужба против него“.“Таа можеше да му каже на светот што се случи. Сè што сакаше беше нивните деца да ја добијат потребната поддршка за да заздрават. Пит успешно ја искористи својата моќ и својата привилегија за да го прикрие своето однесување, па дури и се обиде да ја прикаже како причина зошто неговиот однос со децата е толку предизвикувачки“, рекол изворот.
Пронајдете не на следниве мрежи: