Бред Пит не може повторно да се жени поради Анџелина? „Таа засекогаш стои на неговиот пат“

Потврда за тоа колку е сериозна нивната врска е фактот што живеат заедно, а иако наводно размислуваат да се венчаат, тоа не можат да го сторат, пишува Дејли Мејл.Причината поради која не можат да се венчаат е поранешната сопруга на Бред, актерката Анџелина Џоли.Имено, Анѓелина и Бред се уште официјално не се разведени. Тие раскинаа во 2016 година, по жестока расправија. Сепак, после толку години ги влечат по судови затоа што не можат да се договорат за старателство над децата и за распределба на имотот.Бред сака повторно да се ожени, но Анџелина сè уште стои на патот, а тој само сака се да биде готово, изјави за Daily Mail извор близок до Бред.„Таа го одолговлекува речиси цела деценија. Сега тој го одложува финализирањето на нивниот развод“, додаде тој.Изворот објаснил и дека врската на Бред со нивните деца би можела да биде главната причина за постапките на Анџелина, а многумина се сомневаат дека таа чека близнаците да наполнат 18 години за да го финализира разводот.Инаку, Анџелина Џоли ја има ќерката Шајло и близнаците Вивиен и Нокс со Бред Пит. како и посвоените деца – Медокс, Пакс и Захара.

Пронајдете не на следниве мрежи: