Бред Пит ужива во љубовта со 29 години помладата дизајнерка на накит, Инес де Рамон.Потврда за тоа колку е сериозна нивната врска е фактот што живеат заедно, а иако наводно размислуваат да се венчаат, тоа не можат да го сторат, пишува Дејли Мејл.Причината поради која не можат да се венчаат е поранешната сопруга на Бред, актерката Анџелина Џоли.Имено, Анџелина и Бред се уште официјално не се разведени. Тие се разделија во 2016 година по жестока расправија. Сепак, после толку години ги влечат по судови затоа што не можат да се договорат за старателство над децата и за распределба на имотот.Бред сака повторно да се ожени, но Анџелина сè уште стои на патот, а тој само сака се да заврши“, изјавил извор близок до Бред за Daily Mail.„Таа го одолговлекуваше речиси една деценија. Сега тој го одложува финализирањето на нивниот развод“, додаде тој.Изворот објаснил и дека врската на Бред со нивните деца би можела да биде главната причина за постапките на Анџелина, а многумина се сомневаат дека таа чека близнаците да наполнат 18 години за да го финализира разводот.Инаку, Анџелина Џоли ја има ќерката Шајло и близнаците Вивиен и Нокс со Бред Пит. како и посвоените деца – Медокс, Пакс и Захара.
Пронајдете не на следниве мрежи: