Бред Пит: Снимањето на овој хорор филм влијаеше на мојата психа

Актерот Бред Пит во својата кариера отелотвори многу сложени ликови, но за улогата во еден филм истакна дека тоа влијаело на неговото ментално здравје. И не толку самиот лик, туку целиот процес на снимање.

Роналдо влезе во ледена вода за Божиќ, фановите се чудат како издржа толку долго ( Видео )
Кристијано Роналдо одлучи овогодинешните празници заедно со семејството да ги помине на северот на Европа, во прекрасната Финска. Славниот Португалец моментално ужива во магичниот зимски амбиент на Лапонија, а на своите …
Откриено зошто авионот се урна во Казахстан: Росавијација ги потврди сомнежите
Федералната агенција за воздушен транспорт на Руската Федерација, Росавијација, објави официјално соопштение во врска со падот на авионот АЗАЛ во Актау , пренесува руското биро АПА.„Денеска, околу 9:30 часот по московско време, …

Според Far Out Magazine, снимањето на ,,Интервју со вампирот” во 1994 година лошо влијаело на Бред Пит. Овој филм е базиран на истоимениот роман на Ен Рајс, а Бред Пит ја играше главната улога покрај Том Круз. Актерот како најголем проблем на овој филм го истакна макотрпниот процес на снимање.

,,Беше тешко да се снима ,,Интервју со вампирот”. Го завршив снимањето на ,,Легенда” на есента и веднаш го започнав овој проект. Прво, сè се одвиваше во мрак. Го снимавме филмот три месеци во Њу Орлеанс, во тотален мрак, снимавме во текот на ноќта. Има почетната сцена во филмот кој е снимен на дневна светлина, но тоа е тоа. Целиот филм е во мрак. Сето ова почна многу да влијае на мојата психа“, изјави тој во интервјуто, пренесува Far Out Magazine.

Пронајдете не на следниве мрежи: