Бред Пит ја плати кич кошулата од која болат очи колку една ноќ во луксузен хотел во Париз: Ја засени 27 години помладата девојка

Брет Пит и неговата девојка Инес де Рамон го прославија својот роденден. Пит на 18 декември наполни 60 години, а само ден подоцна и неговата девојка го прослави својот посебен ден.

Тие планирале извесно време како ќе ги прослават овие два важни датуми, а на крајот решиле да заминат во Париз, а потоа се вратиле во Лос Анџелес, каде се сретнале со пријателите за да ги прослават родендените во популарен ресторан, пишува „Пипл“.

МОРБИДНО! Семејството на убиената млада мајка открива: Со тепање и зел 4.000 денари, ја задавил и заминал во казино!
Животот на самохраната мајка на шест-годишно дете, Емилија Пешева (29), и беше одземен од страна на нејзиниот партнер Ф.З.(25) на почетокот на ноември годинава, откако првин започнал да ја …
Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината
Сериозно работиме за надминување на проблемот со нашите европски интеграции, а уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија и кога …

Парот престојувал во хотел во Париз каде ноќевање чини 6.000 евра, а пред хотелот ги пречекал доставувач со балони.

Оскаровецот за својата прослава избра многу необично модно издание, поради што многумина го нападнаа, а можеа да се прочитаат и коментарите дека изгледа кич. Тој се одлучи за рачно изработена црна кошула од Версаче со златен дезен на неа. Само кошулата го чинела актерот околу 6.000 долари (околу 5.500 евра) пренесуваат медиумите. Со кошулата комбинираше црни широки панталони. Инес пак се одлучила за поскромна комбинација, а облече краток бел фустан, бел шал.

Да потсетиме, овој пар е во врска од минатата година, кога Инес за прв пат беше забележана на 59. роденден на Бред.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.