Пејачката Илда Шаулиќ и нејзиниот сопруг Бојан Вучковиќ го очекуваат второ дете.
Имено, дека таа е бремена дознала на роденденот на нејзиниот брат на 15 јуни, и дека за неколку месеци таа и нејзиниот сопруг по втор пат ќе станат родители.
Илда е позитивна на коронавирус, а дознала неколку дена откако докторот и потврдил дека е бремена.
Пејачкат немала никакви симптоми, се тестирала откако дознала дека е бремена, се со цел да биде спокојна. Меѓутоа, тестот бил позитивен, а два дена после тоа ги добила и симптомите. Го изгубила чуството на вкус и мирис, но температура немала.