Најлошиот голман ја фати најубавата водителка Бремена сум! По ѓаволите, што ќе правам сега!?

Италијанската водителка Дилета Леота, заштитно лице на Серија А, стана мајка минатата година а татко на нејзиното дете е познатиот германски голман Лорис Кариус (30). Едно време, трагичната фигура на Ливерпул во киевското финале од Лигата на шампионите против Реал Мадрид сега е резерва на Њукасл и го користи секој слободен момент да дојде во Италија, макар и на кратко, да биде со Дилета (32) и ќерката Арија, роден на 16 август.

Роналдо влезе во ледена вода за Божиќ, фановите се чудат како издржа толку долго ( Видео )
Кристијано Роналдо одлучи овогодинешните празници заедно со семејството да ги помине на северот на Европа, во прекрасната Финска. Славниот Португалец моментално ужива во магичниот зимски амбиент на Лапонија, а …
Откриено зошто авионот се урна во Казахстан: Росавијација ги потврди сомнежите
Федералната агенција за воздушен транспорт на Руската Федерација, Росавијација, објави официјално соопштение во врска со падот на авионот АЗАЛ во Актау , пренесува руското биро АПА.„Денеска, околу 9:30 часот по …

Атрактивната Дилета во интервју за „Газета дело спорт“ откри детали од приватниот живот и како дознала дека е бремена и како не можела да му каже на своето момче. На прашањето што е првото нешто што помислила кога стигнал резултатот од тестот, таа искрено одговорила: ,,Помислив: По ѓаволите, што да правам сега?! Тоа беше нереален момент. Размислував – што да правам сега? Тоа трае до шестиот месец од бременоста, по што сфаќаш дека во тебе се создава нов живот“. рече водителката.

Како му го соопштила тоа на Кариус? 

„Го зедов телефонот и му се јавив на видео повик. После тоа го погледнав тестот и молчев. Веќе ништо не кажав. Ме праша што се случи, но немав сила да му одговорам , па го свртев телефонот и му го покажав резултатот од тестот“.

Бидејќи Кориус сè уште е во Англија, бебето е со мајка му во Италија, а Германецот редовно доаѓа да ги посетува. 

,,Неверојатно е, тие се заљубени еден во друг. Лорис е многу добар, а Арија се радува кога ги гледа. Да не зборуваме дека се идентични, тие имаат исто лице. Бидејќи е во Њукасл, штом има слободен ден доаѓа, макар и на кратко. Се надевам дека ќе се пресели во италијански тим во зима иако има уште една година од договорот со Њукасл. Тоа е таква работа, секој би ја разбрал секоја одлука што ќе ја донесе, но се надевам дека ќе биде малку поблиску до нас“.

Колку деца планират? 

,,Сигурно сонувам за две и мислам дека со големо семејство со четири деца сè би станало потешко“, вели Дилета која брзо се врати на својата работа и веќе е на италијанските терени со микрофон во рака.

Дилета Леота известуваше од натпреварите во Серија А од сезоната 2018/19 за американската ТВ мрежа „ДАЗН“, а претходно работеше за Скај Спортс и известуваше од натпреварите од Серија А.

Пронајдете не на следниве мрежи: