Брена заминува на егзотичен одмор вреден брдо пари

По напорниот период кој што го имаше пејачката Лепа Брена, нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ се одлучи да ја почести својата сопруга со егзотичен одмор.
Имено тие на 4 јануари заминуваат за Виетнам, а со нив ќе дојдат и нивните деца Виктор и Стефан. Потоа тие имаат турнеја, а пред истата ќе го посетат и Тајланд, Сингапур и Бали, а по турнејата заминуваат за Нов Зеланд и Бора Бора.


Пејачката најави враќање во родниот Белград дури во февруари, а заедно со својот син Стефан имаат закажано и турнеја во Австралија.
За српските медиуми нејзиниот сопруг вели дека неговата Беки заслужува да и подари одмор на најегзотичните места во светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.