БРЕНА И БОБА ФАТЕНИ СРЕДЕ МОРЕ ВО ГРЦИЈА Пејачка лебди по водата и ужива додека нејзиниот сопруг ја надгледува!

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ неодамна станаа сопственици на луксузна јахта со која одлучија да крстарат по Медитеранот.
Тие двајца се закотвија на островот Крф во изминатите неколку дена, а ги посетија и блиските места. На Лепа Брена очигледно и се допаднаа околните помали острови Паксос и Антипаксос, кои припаѓаат на Рајските Острови каде одлучи да плива.


Таа објави неколку снимки и фотографии, а особено една слика привлече внимание. Брена и Боба среде море, а додека пејачката има пераи на нозете и безгрижно лежина грб во водата, нејзиниот сопруг плива до неа.
следбениците на пејачката беа воодушевени од нејзините фотографии и ѝ напишаа дека го избрала вистинското место за одмор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.