Брена ограбена на аеродром- куферот полн со пари кои ги земала од хонорар никаде го нема!

Фолк ѕвездата Лепа Брена по одморот во Германија доживеала вистински пекол откако при враќањето во родниот Белград и бил украден куферот полн со пари.
Кога пејачката стигнала на белградскиот аеродром сфатила дека останала без куферот во кој се наоѓал хонорарот кој го земала за одржување на настап.


-Брена во Германија се сретна со свои пријатели, а попратно и со организаторите на нејзиниот на нејзиниот концерт. На состанокот тие и дале пари за настапот, бидејќи таа секогаш наплаќа однапред. Веднаш направи драма на аеродромот, а на шалтерот и рекле дека нејзиниот куфер е изгубен и дека ќе ја побараат кога ќе го најдат. Бидејќи во куферот се наоѓале повеќе илјадници евра таа морала да најде врски за да се најде што побрзо. Куферот пристигна утредента во Белград и веднаш истрчала да го земе дома, вели извор за српски „Свет“.
Брена на крајот со насмевка на лицето го напуштила аеродромот што е знак дека парите и биле во него.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.