Брзата помош низ Македонија ќе добие уште 12 возила

Вчера Министерството за здравство спроведе електронска аукција и обезбеди 12 возила за Итната медицинска помош. Министерот Филипче потенцираше дека за оваа набавка во Министерството биле планирани 30 милиони и 500 илјади денари, но по спроведената аукција, постигната е цена од 18 милиони и 300 илјади денари.
„При набавката на амбулантните возила постигната е најниската цена на чинење, со што Министерството заштеди 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра“, истакна министерот Филипче и додаде со набавката на возилата се подобруваат условите и на пацинетите им се овозможува услугата која им е неопходна.
Одлуката за избор на најповолен понудувач ќе биде објавена во понеделник, а договорот ќе биде потпишан за 12 дена, согласно Законот за јавни набавки, објасни министерот.
До сега во Скопје Брзата помош функционираше со само 6 возила иако според препораките на Светска здравствена организација на 50.000 жители треба да има по едно возило. Со оваа набавка се обезбедуваат уште 6 возила за Скопје, а останатите 6 возила ќе бидат распределени низ градовите и тоа во оние здравствени домови каде се најпотребни. Министерството очекува и донација на уште 3 амбулантни возила од Чешка, кои дополнително ќе бидат распределени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.