Ви споделуваме едноставен рецепт за пита со туна, кој може да биде одличен појадок, ручек или вечера.
Потребни состојки:
1 пакување замрзнато лиснато тесто,
300 грама конзервирана туна,
6 јајца,
павлака,
сол и црн пипер
Начин на подготовка:
Одмрзнете го тестото и поделете го на два дела. Исцедете ја рибата од маслото и добро изгмечете ја. Сварете четири јајца, излупете ги и исечкајте ги, па измешајте со туна. Додадете две жолчки и павлака. Изматете ги белките во цврста пена, измешајте ја во претходно подготвената смеса, посолете и побиберете. Покријте ја тепсијата со едниот дел од тестото, истурете го филот и покријте го со другиот дел од тестото. На неколку места избоцкајте го тестото со виљушка и печете ја питата околу 30 минути. Оставете ја настрана испечената пита да се излади, исечкајте ја на коцки и послужете ја топла. На здравје!