Брза и сочна пита со јаболка: Идеалното задоволство за деновите на постот

Доколку сте љубители на слатките пити од готови кори, дефинитивно ќе ви се допадне овој едноставен рецепт. Ова задоволство е идеално за деновите на постот. Питата со јаболка лесно се прави, па затоа е погодна дури и за оние готвачи кои не се вешти во кујната. Еве како да го подготвите веднаш.Состојки:1,5 кг јаболкапакување готови кори за пита6 лажици гриз12 лажици шеќерцимет по вкус1 кесичка масло од ванилин шеќерпо потребашеќер во прав за посипувањеПодготовкаЈаболката изрендајте ги. Земете три кори, секоја намачкајте ја со масло и одозгора посипете малку шеќер. Ставете ги една врз друга.Наредете го ренданите јаболка над кората, па додадете малку цимет, една лажица гриз и две лажици шеќер. Се тркалаат во ролат, па се ставаат во подмачкан плех и се повторува додека не се потрошат сите состојки. Откако ќе ги наредите на плехот, премачкајте ги со масло и ставете ги во рерна загреана на 200 степени. Печете околу половина час, додека не поруменат. Кога ќе се излади, исечете ја питата на парчиња и посипете ја со шеќер во прав.На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи: