Потребно е:
2 јајца
100 мл јогурт
100 гр брашно
1/2 лажичка прашок за пециво
1/2 лажичка сол
1 морков (рендан)
1 тиквичка (рендана и малку исцедена)
50 гр сирење (фета или кое било по ваш избор)
1 лажица сечкан магдонос
Подготовка:
Изматете ги јајцата со јогуртот. Додадете брашно, сол и прашок за пециво. Потоа додадете ги ренданите моркови, тиквичките, сирењето и магдоносот и убаво измешајте. Истурете ја смесата во загреана тава, а потоа варете, покриено, 5 минути на средна топлина. Со чинија превртете ја питата и печете уште 5 минути од другата страна.