Брзи и вкусни пица мафини

Потребно е:
3 јајца
200 гр брашно
200 мл јогурт
100 мл маслопредјадење
1 прашок за пециво
1 лажиче сол
1 лажиче оригано
100 гр шунка
100 гр топлив кашкавал (ајдамер, гауда)
кечап


Подготовка:
– Во еден подлабок сад изматете ги јајцата и додадете ги јогуртот и маслото.
– Посолете и додадете го сувото оригано.
– Полека додадете го и брашното со прашокот за пециво во него и изматете.
– На крај додадете ги исетно сецканата шунка и изренданиот кашкавал и убаво измешајте.
– Со тестото наполнете ги калапите за мафини во кои претходно сте ставиле хартиени корпички.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути.
– Кога ќе се изладат прелијте ги со кечап и посипете со малку оригано.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.