Motorola го има задоволството да објави дека moto g 7 семејството веќе е дел од Android Enterprise Recommended програмата. Ова гарантира дека седмата генерација moto g смартфони e строго во согласност со барањата дефинирани од Google кои целосно ги задоволуваат потребите на современиот бизнис. Меѓу нив се минимум хардверски спецификации, поддршка за поставување на голем број Android уреди, обезбедување на ажурирања за безбедноста на Android уредите во рок од 90 дена од нивното објавување од страна на Google за период од минимум три години.
Телефоните од moto g 7 семејството ви даваат најбрзи перформанси и најинтелигентното и најизвонредното moto g искуство до сега. Тие одново го потврдуваат ангажманот кој Motorola стрикно го следи, а тоа е да нуди премиум карактеристики по достапна цена. Со moto g 7 power располагате со батерија за до 72 часа (3 дена). Благодарение на moto g 7 plus можете да правите јасни слики, со чисти детали благодарение на оптичката стабилизација и софтверот на камерата кој гарантира слики со одличен квалитет дури и при ограничена светлина. moto g 7 е за 50% побрз од претходните генерации.
moto g 7 телефоните нудат карактеристики кои обично се резервирани за висока класа на уреди. Тие обезбедуваат квалитет и сигурност кои гарантираат дека поврзувањето на работната сила никогаш не било полесно. Сето тоа по цена која ги прави разумно и достапно бизнис решение.
moto g 7 power: Моќна батерија за да не пропуштите ниту еден важен разговор
или email
moto g 7 power е создаден за да го реши најболниот проблем на сите смартфон
корисници – животот на батеријата. Тој доаѓа со 5000 mAh батерија, импресивна за
целата индустрија. Тоа значи дека располагате со батерија за 60 часа (2,5 дена) со само едно полнење. Кога сепак батеријата ќе се потроши, добивате енергија за со часови со само неколку минути со TurboPower TM уредот за полнење.
moto g 7 plus: Моќни перформанси и одлична камера со оптичка стабилизација
Новиот moto g 7 plus со мобилната платформа Qualcomm® Snapdragon™ 636 е олицетворение на квалитет и брзи перформанси. Тој е создаден да го следи интензивниот бизнис ритам. Оние од вас кои се постојано во движење можат да бидат сигурни дека нема да пропуштат важен email, разговор или ажурирање, благодарение на батеријата која издржува цел ден и брзото 27W TurboPower TM полнење
кое обезбедува енергија за 12 часа по само 15 минути во штекерот.
За повеќе информации посетете www.motorola.com .
MOTOROLA, стилизираното лого М, МОТО и сите марки од MOTO семејството се трговски марки на Motorola Trademark Holdings, LLC. Android е трговска марка на Google LLC. Dolby, Dolby Audio и симболот двојно D се трговски марки на Dolby Laboratories.
Qualcomm Snapdragon е производ на Qualcomm Technologies, Inc. и/или нејзините подружници. Сите други трговски марки се сопственост на нивните соодветни сопственици. © 2019 Motorola Mobility LLC. Сите права се задржани.
Правни информации
Функциите, функционалностите и спецификациите на производите варираат во зависнот од давателот на мобилни услуги и подлежат на промена без претходна најава. Некои карактеристики, функции и спецификации на производите може да зависат од мрежата и да бидат предмет на дополнителни правила, услови и надоместоци. Ве молиме пред купување, детално да ги разгледате деталите за
производот кај вашиот давател на мобилни услуги.
1 Сите тврдења во однос на капацитетот на батеријата се приближни и се засноваат на профилот на стандардниот корисник (кој вклучува како режим на работа, така и режим на подготвеност) при оптимални услови на мрежата. Вистинската издржливост на батеријата ќе варира и зависи од многу фактори, вклучувајќи ја јачината на сигналот, конфигурацијата на мрежата, возраста на батеријата, работната температура, избраните функции, поставките на уредот, спроведените разговори, користените податоци и употребата на други апликации.
2 Споредувајќи ги перформансите на moto g7 и moto g6, Antutu забележа резултат од 108,237 и 71,790 соодветно.
3 Споредувајќи ги перформансите на moto g7 play и moto g6 play, Antutu забележа резултат од 93,775 и 58,117 соодветно.
За Motorola
Motorola Mobility LLC беше купена од Lenovo Group Holdings во 2015г. Motorola Mobility е подружница на Lenovo и е одговорна за дизајнирање и производство на сите производи со марката Moto и Motorola.
За Lenovo
Lenovo е глобална компанија, вредна 45 милијарди долари, светски рангирана во Fortune 500 со визија да стане лидер во сферата на интелигентната трансформација со посредство на паметни уреди и инфраструктура кои го обезбедуваат најдоброто корисничко искуство. Портфолиото на Lenovo е едно од најшироките во светот со поврзани производи, вклучувајќи смартфони (Motorola), таблети, компјутери (ThinkPad, Yoga, Lenovo Legion), работни станици, како и AR/VR уреди и паметни решенија за дома.
Решенијата за центри за податоци на Lenovo (ThinkSystem, ThinkAgile) создаваат капацитет и компјутерска моќ на врските кои го менуваат бизнисот и општеството. Lenovo работи за да ја инспирира разликата во сите и да изгради попаметна иднина каде што секој успева. Следете нè на Facebook или посетете нè на www.lenovo.com/mk/mk/.