Британецот Кук прв ја претрча целата должина на Африка


Eкстремниот маратонец Рас Кук во неделата ја заврши својата трка низ Африка во Тунис, откако мина 16 земји, одисеја од 352 дена која вклучуваше и грабеж и труење со храна.

Кук ја започна својата авантура минатиот април на најјужната точка на Африка, во јужноафриканското село Л’Агулхас и продолжи по западниот брег на континентот, истрчајќи вкупно 16.000 километри.

„Прва личност што ја истрча Африка. Мисијата е постигната“, напиша Кук на X.

27-годишникот патуваше низ Намибија, Ангола, Демократска Република Конго, Камерун, Нигерија, Бенин, Того, Гана, Брегот на Слоновата Коска, Гвинеја, Сенегал, Мавританија и Алжир, пред да пристигне во Рас Анџела во неделата навечер.

Попатно, издржливиот спортист собра повеќе од половина милион британски фунти за хуманитарни цели.

„Досега се собрани близу 600.000 фунти (речиси 700.000 евра) за две добротворни организации, Sandblast и Running. Се надевам дека ќе стигнеме до милион фунти, Рас ќе достигне до милион фунти со неговото собирање средства, тоа е целта“, изјави Сајмон Клима од хуманитарна платформа Givestar.

Кук беше придружуван на последниот дел од патувањето од неговите обожаватели, од кои многумина долетаа само за да бидат таму.

„Видов објава на Iinstagram во која покани сите. Лежев на каучот, беше недела попладне, го видов тоа а тој рече дека секој може да дојде“, изјави Ворен Блејк од САД. „Не сакав да пропуштам ваква луда историска шанса“, додаде.

Кук, кој носеше фудбалски дрес на селекцијата на Англија, им рече на новинарите по пристигнувањето дека е „прилично уморен“, пред да заслужено да го испие својот даикуири од јагоди.

Пронајдете не на следниве мрежи: