Ијан Ват со години собирал монети, а за 14 години успеал да собере речиси еден милион монети. Кога и да забележал монета, тој не можел да одолее, а да не ја понесе со себе.
70-годишниот пензиониран технолог од Велика Британија почнал од забава да бара и да собира монети од пет пени, но забавата набрзо прераснала во страст.
Со ова хоби Ијан започнал во 2004 година, но хобито прераснало во нешто поголемо.
“Не може да се случи да не ги видам и никогаш не ги губам монетите. Неверојатно е колку монети собрав, дури и други започнаа да ги собираат за мене”, изјавил Ват.
Заедно со своите “пријатели помошници” тој собрал точно 954 илјади изгубени монети во вкупна вредност од 47 илјади фунти (53.600 евра), а целата сума ја подарил на институцијата за палијативна нега во Дарем каде инаку волонтира.