Британец кој изгледа идентично како Мајкл Џексон: Немам правено операции

Дваесет и осумгодишниот Британец Фабио Џексон привлекува големо внимание на социјалните мрежи бидејќи изгледа скоро идентично како славниот пејач Мајкл Џексон.
Тој тврди дека многумина го навредуваат и обвинуваат дека со помош на операции постигнал сличности со кралот на поп музиката, па за да им докаже дека не е така објавува и видеа со фотографии од детството.
На тој начин сака да им докаже дека отсекогаш наликувал на Мајкл Џексон. Додава и дека токму поради изгледот често го малтретирале како дете додека одел на училиште.
Негира дека правел операции, но признава дека користи мејкап техники за да постигне што посличен изглед со оној на пејачот.

@theefabiojackson You want to bamba ? #foryourpage ♬ Ameno Amapiano Remix (You Wanna Bamba) – Goya Menor & Nektunez

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.