Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека на една од клиниките починал 63-годишниот А.Г.Г. од Велика Британија, кој престојувал во хотел во Скопје, извести МВР.
Според пријавеното, на 01.04.2024 во 23.28 часот тој бил донесен во клиникита во тешка здравствена состојба, а на 03.04.2024 починал, соопшти МВР.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.