Британец целиот крвав лутал по болници во Шри Ланка да си го пронајде семејството

Британецот Бен Николсон го изгуби целото семејство во терористички напад во Шри Ланка.
Неговата сопруга, 42-годишната Анита Николсон, 11-годишниот син Алекс и ќерката Анабела настрадале во редот за појадок во хотелот „Шангра-Ла“ во Коломбу кога покрај нив, терорист пријавен под лажно име Мухамед Азам Мухамед, активирал бомба.
Николсон после експлозијата тргнал во потрага по своите најмили. Целиот крвав лутал по улиците, се распрашувал по болниците, во мртовечници, барал некаква трага од своите најблиски.
После нападот, Бен не можел да ја најде сопругата и децата и отишол во болница, а потоа тоа во мртовечница го пронашол телото на својот син Алекс.


-Го видов како избезумен лута по ходникот од болницата, целиот крвав. Одеше горе-доле. Зборуваше со мене два пати, ме праша за своето семејство. Иако имаше крв насекаде по себе не беше повреден, имаше само мали посекотини на ногата и увото.
-Не трчаше, не плачеше. Беше во шок. Само зборуваше за сопругата и децата. Н беше жал, но бевме опкружени со толку мртви и повредени, што немавме време за подолг разговор со него.
Набрзо ја напушти болницата – рекла Пушпа Зојс, шеф на итната служба на Народната болница.
За жал, подоцна се дознало дека меѓу опсуммината Британци кои настрадале биле неговата сопруга и двете деца.
Бен и Анита работеле како адвокати во Сингапур, а на Шри Ланка дошле со децата на одмор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.