Британија: летово нема одење на одмор во странство! Скоро сите држави предвидуваат слични протоколи…

Британија: летово нема одење на одмор во странство! Скоро сите држави предвидуваат слични протоколи…

Британците според најавите на официјалните лица ова лето нема да можат да патуваат на годишен одмор во странство поради пандемијата на коронавирусот. На прашањето дали луѓето треба да прифатат дека ова лето нема да има патувања во странство, министерот за здравство Мет Хенкок во емисија на ИТВ рече: „Мислам дека тоа веројатно е така“.

Ерусалим: Полицијата уапси верници кои не почитуваат забрана за јавни собири

Додека британската Влада полека се обидува да отвори некои сектори на економијата, одредени форми на физичко растојание ќе бидат потребни уште некое време.

Борис Џонсон изјави дека е планирано воведување на 14-дневен карантин за патниците кои доаѓаат од странство, со цел да се спречи втор бран на епидемија на коронавирусот. Поради ова најверојатно и ретко кој ќе се одлучи да патува во Британија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.