Велика Британија денеска соопшти дека планира да го зајакне своето воено присуство во Северна Европа, вклучително и распоредување на 20.000 војници во регионот следната година, за да помогне во заштитата на критичната инфраструктура поради зголемените стравувања од руска саботажа.
Британскиот премиер Риши Сунак претходно се сретна со официјални претставници и шефови на држави на самитот посветен на соработката во областа на одбраната, што се одржува на островот Готланд во Шведска, пренесува Ројтерс.
Британија ќе испрати 20.000 војници, морнари, маринци и пилоти во регионот на Северна Европа, како и осум бродови на Кралската морнарица и група борбени авиони и воени хеликоптери.
- Над 1. 000 полицајци упаднаа во резиденцијата, ја сечеа бодликавата жица: Детали за апсењето на претседателот на Јужна Кореја
- Дел од администрацијата трпи притисоци, УПОЗ бара од опозицијата да не се „лепи“ на протестите
- Судијка од Велес обвинета за фалсификување службена исправа, обвинение и против сопружници – сопственици на ланец аптеки
- РУТЕ: Ако не се зголемат буџетите за одбрана во Европската унија, Европејците треба да научат руски
- Турска пратеничка му бакна рака на Ердоган и доби 200 лири
Тие ќе учествуваат во вежби заедно со силите на повеќе земји и ќе вршат воздушно извидување.
Група нордиски и балтички држави, како и Холандија и Велика Британија, се состанаа во Шведска на самит посветен на одбранбената соработка, неколку дена откако гасоводот и кабелот за податоци беа оштетени во Финскиот залив.
Финските власти рекоа дека тоа е резултат на „надворешна активност“ што ја поттикна загриженоста во поширокиот нордиски регион.
- Оваа недела видовме уште еднаш дека нашата безбедност не може да се земе здраво за готово. Од клучно значење е да бидеме обединети против оние кои имаат зли намери – рече Сунак, пренесува Танјуг.